logo
logo
logo

СДСМ ја бојкотира Комисијата за буџет: Филипче најави интерпелација за Гаши поради кршење на Деловникот

Vecer | 21.05.2026

СДСМ ја бојкотира Комисијата за буџет: Филипче најави интерпелација за Гаши поради кршење на Деловникот

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти денеска лидерот на партијата Венко Филипче.

Тој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска од СДСМ.

– Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди евра пари, кои не одат никаде, освен строго контролирано во партиските фирми преку тендерските постапки. Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија – рече Филипче на прес конференција.

Филипче рече дека вкупниот долг на земјава од 8,5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk