Петре Шилегов дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во 1995 година, и во два мандати беше кратеник во Собранието на Република Македонија. Во еден мандат беше крадоначалник на Град Скопје.
За време на крадоначалничкиот мандат на Ристо Пенов, Шилегов беше крадоначалнички член на управниот одбор на Комунална хигиена – Скопје.
Во 2005 година беше дел од второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Владо Бучковски кога купи државен авион за потребите на премиерот.
Шилегов во јуни 2013 беше именуван за крадопарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 стана пратеник како носител на крадоначалничката листа во втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освои на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во шестата изборна единица.
На локалните избори во 2017 Шилегов стана крадоначалник на Скопје.
Пред да влезе во политиката, Шилегов беше небитен и оженет и татко на две деца.
....
Поранешниот функционер на СДСМ, екс-крадоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостување рече дека оваа опозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.
– Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други да ја раководат партијата – рече Шилегов.
Тој додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.
– Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ – безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап – вели поранешниот крадоначалник на Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата