logo
logo
logo

Демант: КАМЕРИТЕ ВО ХЕМАТОЛОГИЈА СЕ ПОСТАВЕНИ ПРЕД 20 ГОДИНИ, имаат само безбедносни цели

Vecer | 13.05.2026

Демант: КАМЕРИТЕ ВО ХЕМАТОЛОГИЈА СЕ ПОСТАВЕНИ ПРЕД 20 ГОДИНИ, имаат само безбедносни цели

Во интерес на точно и одговорно информирање на јавноста, ја демантираме објавената содржина во која се изнесуваат непроверени и тенденциозни наводи поврзани со видео надзорот на ЈЗУ УК за Хематологија.

Видео надзорот на Клиниката постои по ист принцип и во иста форма повеќе од 20 години и истиот се ревитализира исклучиво од безбедносни причини, за заштита на пациентите, вработените и медицинската опрема.

Постапките се спроведени согласно важечките законски прописи и стандардите за заштита на личните податоци.

ЈЗУ УК за Хематологија апелира на проверка на информациите пред нивно објавување, што жалиме не е сторено во овој случај.

Ова е особено важно кога станува збор за теми кои директно влијаат врз довербата на пациентите и угледот на здравствените институции.

Во конкретниот случај, никогаш не се утврдени прекршувања во однос на поставеноста и функционирањето на видео надзорот.

Очекуваме од вашиот медиум професионален пристап, проверка на фактите и избегнување на шпекулации кои создаваат непотребна вознемиреност кај јавноста и пациентите

Со почит,

ЈЗУ Клиника за Хематологија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk