logo
logo
logo

СО СТАБИЛНА ВЛАДА ВО БУГАРИЈА ИМА ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОРИ, вели претседателката Давкова

Vecer | 27.04.2026

СО СТАБИЛНА ВЛАДА ВО БУГАРИЈА ИМА ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОРИ, вели претседателката Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека е подготвена за комуникација и идни политички разговори со Бугарија, нагласувајќи дека стабилни институции и политичка легитимност се клучни предуслови за суштински дијалог меѓу двете држави.

Одговарајќи на новинарски прашања за можноста за нова комуникација со Софија во контекст на политичките промени во Бугарија, Сиљановска-Давкова рече дека веќе остварила контакт со поранешниот бугарски претседател, Румен Радев и дека меѓусебно изразиле подготвеност за разговори.

Според неа, политичката стабилност е суштински фактор за напредок во односите меѓу Скопје и Софија, посочувајќи дека без стабилни влади и институции е тешко да се води сериозен и одржлив меѓудржавен дијалог.

„Фактот што таму има стабилна влада зад која стои големо мнозинство граѓани, покажува дека постои можност да се разговара со легитимен претставник на народот. Со нестабилни влади, тоа е многу потешко беше тоа да се зборува“,  рече претседателката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk