logo
logo
logo

ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ СЕ ДОВРШУВА БУЛЕВАРОТ „Борис Трајковски“, кон Драчево

Vecer | 16.05.2026

ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ СЕ ДОВРШУВА БУЛЕВАРОТ „Борис Трајковски“, кон Драчево

Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност. 

-Се наоѓаме на трасата која се довршува во моментот, а тоа е довршување на дел од булеварот „Борис Трајковски“. Станува збор за околу километар траса каде што во минатото со неверување граѓаните гледаа. Како што кажав 30 години немаше барање на начин од страна на градските власти за да се озвозможи слободен пристап, функционална безбедна траса за граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, практично за 100.000 граѓани кои ги врзува овој булевар - рече скопскиот градоначалник. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk