logo
logo
logo

Летај директно од Охрид: ОТВОРЕНИ ЛИНИИ ДО БРАТИСЛАВА И МИЛАНО

Vecer | 17.03.2026

Летај директно од Охрид: ОТВОРЕНИ ЛИНИИ ДО БРАТИСЛАВА И МИЛАНО

Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакнува во објава на Фејсбук, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, истакнува вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk