logo
logo
logo

40% покачување на платите на административните службеници, Трендафилов го одбива по насока на СДС и Левица

Vecer | 02.02.2026

40% покачување на платите на административните службеници, Трендафилов го одбива по насока на СДС и Левица

Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и на Левица. Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка  Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците, посочува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски. Трендафилов бара зголемување од 5-% на минималната плата, за само една година, а изминатите 7 години во време на СДС, минималната плата вкупно не се зголеми за 50%. Дополнително, ССМ и Трендафилов, не ги слушнавме ниту еднаш да говорат дека во времето на СДС се живееше тешко, со двоцифрена инфлација, со скапи цени по маркетите и со сметки за струја високи до плафон. Тогаш за Трендафилов и ССМ изгледа добро се живеело, вели тој.

Манасиевски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која размислува за иднината и доброто на работниците.

-Единственото моментално решение за зголемување на платите и на минималната плата, а притоа да немаме економска криза, висока инфлација и дупки во буџетите, е зголемување на платите за околу 14% во април годинава, а вкупно околу 40% до 2028 година или во бројка над 10.000 денари би се зголемила платата во администрацијата за само 2 години од денес. Го повикуваме Трендафилов барем еднаш да ја остави политиката на страна и да размислува за граѓаните и работниците. Да го прифати предлогот на Владата и работниците да добијат зголемени плати, посочи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk