logo
logo
logo

Високи оценки од Брисел

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЕУ ПРОЦЕСОТ - Признание од еврокомесарката Кос

Vecer | 08.07.2026

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЕУ ПРОЦЕСОТ - Признание од еврокомесарката Кос

Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со претставници на граѓанското општество, и секако со младите. Во сржта на пристапниот процес, секако се наоѓаат реформите за кои што зборувавте и за конкретните придобивки за граѓаните, подобрени услуги за јавноста, поедобрени можности за младите кои што ќе придонесат кон попросперитетна економија. Во таа насока навистина гледаме охрабрувачки напредок уште од почетокот на годината, во реформската агенда и токму поради тоа сакаме да ја поздравиме зголмената посветеност на владата во напредувањето на оваа работа, рече Кос и продолжи:

„Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се кфалификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група“.

Во однос на реформската агенда, Кос посочи дека 90% е спроведено, додека остануваат уште 10%, а тоа е Изборниот законик.

-Кога зборувам за реформите, би сакала да подвлечам дека реформите не се само работа владата, тие не се работа само на Собранието, тоа е национален проект каде што сите засегнати страни треба да бидат вклучени и особено Собранието, тоа е местото каде што се усвојуваат реформите, па затоа се надевам, со оглед на тоа дека спроведовте 90% од 10-тте реформи кои што требаше да се исполнат до 15 јули, и тие последни 10% се Изборниот законик, кој што ќе биде усвоен. И тука ги повикувам сите страни за еднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи, рече Кос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk