logo
logo
logo

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РОАМИНГОТ ВО ЕУ, очекува министерот Андоновски

Vecer | 06.05.2026

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РОАМИНГОТ ВО ЕУ, очекува министерот Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на Самитот ЕУ-Западен Балкан којшто ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. 

Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома. 

- Има најава за почеток на преговори што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е таа што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронски комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата којашто прва ќе почне преговори - изјави денеска Андоновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk