logo
logo
logo

По години застој, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ДОБИВА СИСТЕМСКА ГРИЖА

Vecer | 06.07.2026

По години застој, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ДОБИВА СИСТЕМСКА ГРИЖА

Воспоставувањето на Инспекторатот за македонски јазик и вработувањето инспектори во институцијата, формирањето Совет за македонски јазик и подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, не значат нефункционалност, туку успех, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, што се одржува во Собранието на седница на Комисијата за култура. Тој ги негираше критиките дека министерството не е заинтересирано за македонскиот јазик и посочи дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

„Нема да прифатам ниту едно политичко лицемерие од оние кои со години не изградиле функционален систем денес да се претставуваат како единствени чувари на стандардот што самите не го заштитиле. Македонскиот јазик заслужува единствен национален пристап. Функционалноста и недоследната примена на Законот за употреба на македонскиот јазик не е проблем што ни паднал од небо, туку е последица на долгогодишно неодговорно управување, институционална летаргија и политичка неискреност“, рече Љутков.

Љутков информира и дека Владата ги задолжила институциите да ги почитуваат законските обврски во однос на ангажирањето лектори, додека податоците што се прибираат, како што рече, ќе бидат основа за креирање на Националната стратегија за македонскиот јазик.

„Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита. Почитта кон македонскиот јазик не се докажува со декларации, туку со институции што функционираат, со закони што се применуваат и со држава што доследно ги исполнува своите обврски“, додаде Љутков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk