logo
logo
logo

Мисајловски со претседателката и началникот на ГШ на средба со поранешните началници, активните и пензионираните генерали на АРМ

Vecer | 26.12.2025

Мисајловски со претседателката и началникот на ГШ на средба со поранешните началници, активните и пензионираните генерали на АРМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска одржаа традиционална средба со поранешните началници на Генералштабот, како и со активните и пензионираните генерали на Армијата.

-Денеска, заедно со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска Давкова, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, беше одржана традиционална средба со поранешните началници на Генералштабот, како и со активните и пензионираните генерали на Армијата.

Средбата овозможи на едно место да се обединат знаењето, искуството и професионалниот придонес акумулирани низ годините во развојот на Армијата. Македонската Армија континуирано се унапредува и ќе продолжи да се развива согласно највисоките стандарди на Алијансата, врз основа на професионалноста и посветеноста на нејзиниот кадар, со јасна определба кон обезбедување сигурност и безбедност за сите граѓани, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk