logo
logo
logo

Кошта: Проширувањето на ЕУ кон ЗАПАДЕН БАЛКАН, Украина, Молдавија е НАЈВАЖНАТА ГЕОПОЛИТИЧКА ИНВЕСТИЦИЈА

Vecer | 13.07.2026

Кошта: Проширувањето на ЕУ кон ЗАПАДЕН БАЛКАН, Украина, Молдавија е НАЈВАЖНАТА ГЕОПОЛИТИЧКА ИНВЕСТИЦИЈА

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека проширувањето на Европската Унија кон Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан претставува најважната геополитичка инвестиција на Унијата.

По состанокот на Коалицијата на подготвените во Париз, Кошта истакна дека Европската Унија останува единствена во својата стратегија за постигнување праведен и траен мир во Украина преку засилена поддршка за Киев и зголемен притисок врз Русија.

– ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и подготовка на патот кон праведен и траен мир – напиша Кошта на платформата Икс.

Тој му се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот, нагласувајќи дека проширувањето на Унијата претставува и клучна безбедносна гаранција за Европа.

– Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан – порача Кошта.

Во меѓувреме, утре во Брисел ќе се одржат меѓувладини конференции со четири земји-кандидатки.

Црна Гора ќе затвори уште две преговарачки поглавја, со што вкупниот број затворени поглавја ќе достигне 18 од 33.

Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, додека Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во рамки на Кластерот 6.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk