logo
logo
logo

Незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад со експлозивност, запаливост, токсичност, канцерогеност

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТРИ ФИЗИЧКИ И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Vecer | 12.02.2026

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТРИ ФИЗИЧКИ И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик.

Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На 09.07.2025 година на локацијата се случил пожар кој поради обемот и опасноста не можел да се стави под контрола, при што согорел дел од непрописно складираниот отпад.

Тоа предизвикало масовно испуштање црн чад и значително загадување на воздухот, потврдено со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при АРМ. Крајната последица од незаконитите дејствија на обвинетите е и предизвиканата потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето.

Со истрагата е утврдена одговорност кај една сопственичка и управителка на обвинетото правно лице, која заеднички и со умисла заедно со второобвинетиот кој учествувал со особен придонес во работата на правното лице ги преземале незаконитите дејствија.

Обвинение за дејствија од чл.230 ст.6 е поднесено и против уште една сопственичка на друштвото и на парцелата која не била свесна за можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите на случајот и своето лично својство, била должна и можела да биде свесна за таа можност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk