logo
logo
logo

ЗАКАНИТЕ ОД БУЈАР ОСМАНИ ги разоткриваат вистинските намери - Законот за правична застапеност наскоро ќе биде усвоен

Vecer | 08.05.2026

ЗАКАНИТЕ ОД БУЈАР ОСМАНИ  ги разоткриваат вистинските намери - Законот за правична застапеност наскоро ќе биде усвоен

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон што е одобрен од страна на Венециската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор што ќе го слушаме во периодот што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам што побргу да се усвои – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk