logo
logo
logo

Да се селиш од град во село е господска работа, мир и стабилност. Го може ли Македонецот тоа

Vecer | 23.07.2026

Да се селиш од град во село е господска работа, мир и стабилност. Го може ли Македонецот тоа

Миграциите од град во село во повеќе земји на Европа и регинот се зголемуваат, и младите го напуштаат градот и живеат во блиските села поради загаденост, високи цени за стан, храна и режиски трошоци во градовите.

Во Ковид 19 епидемијата луѓето запознаа нови правци и содржини за подобар живот престојувајќи подалеку од градското сивило и постојана напнатост и хаос. 

Миграцијата на село не е ништо ново, и има се повеќе причини за тоа но, локалните власти треба да обезбедат услови за тој процес. Пред се добра сообраќајкна и комунална поврзаност со градот кој е центар за работните места. Енергетска стабилност на селата, амбуланти, аптеки, градинки и функционални основни училишта, а во поголемите села во општина со над 20.000 жители и барем една средно училиште.

Од своја страна владата да изготви стратегија и стимулации за поттикнување бизнис содржини во селата преку поволни услови за земјиште, градежни трошоци и почетни даночни олеснувања за фирмите кои би инвестирале во бизнис со локација во село.

Дека е тоа е можно постојат и докази. Општините Иленден, Петровец и Зелениково, кои се состојат од повеќе селски населби во последните две децении просперираат и привлекуваат доселување на жители од Скопје, Велес и други градови во своите општини. Се градат стамбени објекти, хумани со 4-5 ката, и цена на стан околу 1.200-1.500 евра постојат амбуланти, школи, градинки, добри врски со Скопје и Велес, бизнис потенцијали... значи - можно е.

Општина Петровец
Општина Петровец

Но, гледано генерално во целата држава, работата е поинаква од скопската околина.

Македонските граѓани и натаму повеќе сакаат од рурална (селска) да заминат во урбана  (градска) средина. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2024 година.

Помал е бројот на луѓето кои од град ќе отидат да живеат на село. Овој тренд трае подолго време во Македонија. Луѓето се преселуваат во градовите за да имаат подобри услови за работа, за образување на децата, и општо поради повеќе можности.

„Луѓето од Самоков се селат во Скопје. За 10 дена се иселија 4 фамилии. Се иселуваат поради децата и за подобар стандард. Во Македонски Брод мештаните не се селат, затоа што градот не е перспективен. Нема работа во градот. Ни во Прилеп не одат, далеку им е.

Последните 10 години нема некој обратно да направил, само бегаат жителите, а враќање назад нема. Во селото нема што да прават, и штом децата се запишуваат во средно, се снаоѓаат. Имаше некоја стагнација, а сега пак почнаа да се селат. Еден човек во пет години ако се врати од пензионерите преку лето да седи тука, но во зима си заминува. Пензионерите сезонски само седат во селото. Намален е бројот на жители и ќе се намалува најверојатно. Сиромаштијата е проблем“, вели Горан Ристески, жител на селото Самоков.

Во текот на 2024 година, од град во село во Вардарскиот регион заминале да живеат 98 луѓе, а обратното го сториле 219 луѓе.

Во Источниот регион од град во село отишле 115 луѓе, а од село во град се преселиле 320 луѓе. Во Југозападниот дел на Македонија, од село во град се преселиле 359 луѓе, а од град во село отишле 176 луѓе.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека во Југоисточниот регион од село во град се преселиле 192 луѓе, а од град во село мигрирале 95 жители.

Во Пелагонискиот регион од село во град животот го продолжиле 306 луѓе, а обратно направиле 88 луѓе. Што се однесува до Полошкиот регион, таму во 2024 година од село во град се преселиле 266 луѓе, а од град во село мигрирале 129 жители.

Селото го замениле со град 50 жители на североисточниот регион, а градот со село само 28 луѓе.

Во Скопскиот регион, миграција село-град направиле 21 човек, а од град во село отишле да живеат само 18 луѓе. Инаку, постојано читаме во медиумите дека и европските села бараат нови жители со различни мерки за стимулација.

Такви села во кои со стимулации младите се доселуваат има во регионот во Србија и Грција, а во ЕУ во Италија, Шпанија и на други места на европскиот континент.

Во Србија, нам слична економско-социјална средина со исти миграциски проблеми, владата купи 1.000 куќи во селата сосе нивните плацеви и економски содржини и за мала цена или како подарок под одредени ислопнети услови стимулира миграција на млади од градовите во село.

Во други држави се стимулира, каде што е тоа можно, работа од далечина доколку вработениот е жител на село од околината на градовите. Има повеќе начини за позитивна миграција од село во град, некои од нив се применливи и во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk