logo
logo
logo

Филипче, Заев, Оливер, Зечевиќ СЕ ДО СРЖ ИСПЛАШЕНИ ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ

Vecer | 01.03.2026

Филипче, Заев, Оливер, Зечевиќ СЕ ДО СРЖ ИСПЛАШЕНИ ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ

СДС беше директен сојузник и поддржувач на криминалните политики поврзани со Артан Груби и токму поради тоа денес застануваат во негова заштита и жолчно го бранат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е во грч поради стравот дека ако Груби прозбори ќе се разоткрие целиот криминал и политичката позадина.

СДС по серија контрадикторни тези, соопштенија и прес конференции на крај на собраниска седница за пратенички прашања молчеше, ниту едно пратеничко прашање за Артан Груби, ниту пак името да му го спомнат.

СДС ја избегнува темата за Артан Груби и се повлекува поради стравот и паниката од евентулни искази на Груби кои би можело да повлечат и функционери од СДС.

Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски, Миле Зачевиќ и останатите функционери на СДС се до срж исплашени од исказите на Груби кои би можел да ги даде до надлежните органи“, потенцираат во денешното соопштение.

СДС се свесни за тежината на информациите кои би можело да излезат на виделина, токму затоа застанаа во одбрана на Груби. СДС се плашат затоа што знаат дека ако Груби прозбори голем дел од нивните функционери ќе треба да седнат на обвинителната клупа, додаваат во соопштението.

ЈО да ги истражи сите сомнежи и индиции. Владеење на правото и правдата мора да има, потенцираат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk