Во реката Драгор во Битола е пронајдено безживотно тело на 66-годишен битолчанец, кој пред неколку дена бил пријавен за исчезнат.
Случајот бил пријавен во СВР Битола на 8 јуни 2026 година, откако во населбата „Кланица“, кај местото познато како „Дрвено мовче“, во коритото на реката Драгор било забележано тело на починато лице.
По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за В.К. (66) од Битола, за кого негов роднина на 2 јуни пријавил дека се оддалечил од својот дом и оттогаш му се губела трагата.
На местото излегле полициски екипи и лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола, а истрагата за случајот продолжува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата