logo
logo
logo

СКАНДАЛОТ СО КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЗАЈАС ВОДИ ДО СНААТА НА АХМЕТИ?

Vecer | 29.06.2026

СКАНДАЛОТ СО КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЗАЈАС ВОДИ ДО СНААТА НА АХМЕТИ?

Скандал со пропаднатиот проект за канализацијата во Кичево добива нова димензија и може да води до снаата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, истакна на прес-конференција Даут Беќири од ВРЕДИ.

– Пред само три дена ја информиравме јавноста за сериозните сомнежи околу канализацијата во Зајас.

Досега јавноста знаеше дека Финансиската полиција поднесе кривична пријава поради сомневања за сериозни злоупотреби, дека државата претрпела штета од над 127 милиони денари и дека се изгубени речиси 9,5 милиони евра европски средства. Но денес се отвора уште едно важно прашање – кој сè бил вклучен во реализацијата на овој проект? – рече Беќири.

Според него, ВРЕДИ располага со договори за соработка од кои се гледа дека азербејџанската компанија „Акелик“, ангажирана за реализација на проектот, склучувала договори со повеќе домашни компании.

– Станува збор за шест домашни компании, РАГ Компани, Перпарими, ОЗ & АЛ Транс, Кими Ибра, Еуро Бодени-Хит и Бибај. Со овие договори аферата добива нова димензија. Веќе не е само прашање зошто пропаднал проектот, туку и кој сè бил вклучен околу него.

Беќири прашува дали овие компании се само случајно ангажирани или се дел од поширока деловна мрежа поврзана со семејството Ахмети?

– Токму затоа јавно ги повикуваме Финансиската полиција и Јавното обвинителство да дадат одговор на четири прашања. Прво, дали Финансиската полиција и Јавното обвинителство ќе проверат дали постои деловна поврзаност меѓу Егзона Ризмани, снаата на Али Ахмети, и компаниите што биле ангажирани од „Акелик“?

Второ, кој ги предложил и кој одлучил токму овие компании да бидат ангажирани во проект финансиран со европски и државни средства? Трето, колку пари биле исплатени на секоја од овие компании и за кои конкретни работи?

И четврто, дали истрагата ќе биде проширена и ќе ја опфати целата мрежа на компании што биле ангажирани околу овој проект? – вели Беќири.

Ако нема никаква поврзаност, вели тој, институциите тоа треба јавно да го соопштат.

Но ако постои, предупредува Беќири, тогаш јавноста има право да знае дали европските милиони и парите на граѓаните завршиле во мрежа на компании поврзани со семејството Ахмети.

– Канализација нема. Европските милиони ги нема. Време е да дознаеме каде завршиле – вели Беќири на прес-конференцијата на ВРЕДИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk