logo
logo
logo

ЖИВОТ ЗГАСНА ВО ШУМАТА - Бесправна сеча во струшко заврши со трагедија

Vecer | 05.08.2026

ЖИВОТ ЗГАСНА ВО ШУМАТА - Бесправна сеча во струшко заврши со трагедија

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од селото Мислодежда за пустошење шуми и непреземање мерки за заштита при работа, соопшти денеска СВР Охрид.

Лицето, како што е наведено, на 20 април, без одобрение за сеча и без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол скоро 32 кубни метри огревни дрва во атарот на селото Мислодежда.

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. На 20 април годинава, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и 3 стебла габер или вкупно 31,9 кубни метри огревна дрвната маса, информира СВР Охрид. 

За време на сечата, како што е наведено, работникот Р.Д.(46) од Скопје бил удрен од дрво, по што починал во Општата болница во Струга.

На местото на несреќата, увид извршиле ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk