logo
logo
logo

ОПОМЕНА ЗА ДИРЕКТОРОТ АРСИМ ИДРИЗИ - следната грешка ќе значи разрешување

Vecer | 10.06.2025

ОПОМЕНА ЗА ДИРЕКТОРОТ АРСИМ ИДРИЗИ -  следната грешка ќе значи разрешување

„Разговарав со директорот на Инспекторат за употреба на јазици, Арсим Идризи, му ја посочив грешката и не очекувам да ја повтори истата грешка. Ако се случи такво нешто, во истиот момент ќе биде разрешен“.

Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Идризи ќе биде разрешен или ќе помине само со опомена, откако одби на новинарите да им се обрати на македонски јазик, туку говореше само на албански јазик.

Кога новинарите побараа изјавата да ја пренесе и на македонски јазик, бидејќи, во спротивно, еклатантно го крши Законот за употреба на јазивите кој треба да го штити, тој рече дека според истиот тој Закон за употреба на јазиците треба да добие и преведувач.

На ваквиот негов потег жестоко реагираше вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ, кој порача дека уште на следната владина седница Идризи ќе биде разрешен од функцијата.

,

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk