logo
logo
logo

Кривична пријава за 55-годишник кој предизвика пожар на патот Тетово–Јажинце

Vecer | 26.06.2026

Кривична пријава за 55-годишник кој предизвика пожар на патот Тетово–Јажинце

Во Полициското одделение Теарце вчера напладне било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева.

Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира МВР на својот профил на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk