logo
logo
logo

“ЕКСКЛУЗИВНИТЕ“ СТАНОВИ И КУЌИ НА ВОДНО СЕ ПОД ЗАКАНА, земјиштете е ризично - сметаат во ЦУК

Vecer | 09.12.2025

“ЕКСКЛУЗИВНИТЕ“ СТАНОВИ И КУЌИ НА ВОДНО СЕ ПОД ЗАКАНА, земјиштете е ризично - сметаат во ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов предупредува дека на падините на Водно постојат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме – изјави Ангелов во гостување на ТВ Телма.

Ангелов посочи дека делови од теренот веќе се нарушени, дека земјиштето продолжува да се лизга и дека неколку потпорни ѕидови се урнати. Според него, неопходни се брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони, бидејќи проблемот не е ограничен само на еден потег на падината.

Според неговите информации, институциите веќе работат на проблематиката. Тој посочи на одржаните координативни средби во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што, како што вели, „врвни професионалци посветено и одговорно се грижат за оваа проблематика“.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување вели дека на Водно има загрозени објекти и дека проблемот со лизгањето на тамошното земјиште треба да биде сфатен сериозно.

„Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе.

За да се реагира од она што можев да го видам во јавноста, веќе институциите работат, во ЦУК се одржаа неколку координативни средби на оваа тема. Таму покрај директорот останаа врвни професионалци кои посветено и одговорно се грижат за оваа проблематика.

Сепак ваквото кревање на јавната свест како што го правите вие медиумите е значајно бидејќи луѓето кои што живеат таму не мислат дека може да се случи таква штетна последица, дека состојбата не е толку опасна бидејќи тие таму живеат и таму се навикнати.

Но ние сме нагледани еден куп видеа од целиот свет, вклучително и во нашата држава каде што свлечиштата можат да направат многу голем проблем“, потенцираше Ангелов.

Ангелов ја истакна и значајноста на медиумите во подигнувањето на јавната свест, особено кај жителите на Водно, кои можеби не ја перцепираат опасноста во целост поради навиката за живеење во тој предел.

Апелот на Директорот на ДЗС доаѓа во време кога зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно предизвикуваат се поголема загриженост во јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk