logo
logo
logo

Панчо од ДНК е на Клиника: ИМАЛ ИЗГОРЕНИЦИ на лицето и раката и вдишал чад

Vecer | 16.03.2025

Панчо од ДНК е на Клиника: ИМАЛ ИЗГОРЕНИЦИ на лицето и раката и вдишал чад

Според последните информации кои ги преснесе Јадранка Николовска, сестрата на Панчо од ДНК, тој во моментов се наоѓа во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во изјва за ТВ Канал 5 таа рече дека има само малку информации кои и ги пренела сопругата на нејзиниот брат, и засега немала можност да го види. Колку што и самата знае, Панчо имал изгореници на лицето и раката, но не знае во колкав обем и од кој степен и вдишал чад при пожарот, па се наоѓа и на кислородна поддршка.

Што се однесува до останатите челенови, порталот СДК.мк пренесе дека дел во болница, дел на домашно лекување, според кажувања од семејството на еден музичарите и од тимот на групата.

Според информациите кои ги имаат досега, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип.

Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил однесен во болницата во Кочани, каде што примил инјекција со кортикостероид, а потоа пријатели со автомобил го однеле дома во Скопје.

Од семејството на музичарот ни рекоа дека членовите на бендот меѓусебно не знаат кој е во каква состојба. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk