Колкава е реалната зработка на некои македонски маркети штом владата толку инсистира да ги намалт маржите и објавуваат цените на сопствени сајтови. Веројатно има голема заработка штом Стокомак производи кои продава во Македонија истите ги продава во Србија по значително помали цени.
Првата продавница на ланецот „Стокомак“ денеска беше отворена во Пирот, во населбата Сењак, на улицата Чирила и Методија (Кирил и Методиј), кон базените и Градскиот стадион.
Првата фаза на проширување предвидува отворање на модерни дисконти во Пирот, Ниш (потег кај Нови село), Параќин, Лесковац и Панчево, како и дека компанијата е во финални преговори за уште неколку локации.
Тие додадоа дека на клиентите во Србија ќе им понудат широк асортиман од околу 1.200 артикли во постојана понуда.
Трговецот нуди широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи по попустни цени.
Во новоотворениот маркет на Стокомак во Пирот може да се најде пилешко за 250 динари (околу 130 македонски денари), млеко за 90 (околу 45 македонски денари), сончогледово масло, кечап и гриз за 150 (75 денари), чоколадо за 70 динари (35 денари), каде што чоколадото „Милка“ од 300 грама може да се најде за 300 динари (150 денари), како и многу други производи...
Огласи за работа
Според медиумите, компанијата неодамна објави огласи за вработување во Србија со почетни плати од 65.000 динари за работници без искуство (550 евра) или 70.000 динари за оние со искуство. Покрај редовните примања, на вработените им се нудат и дополнителни бенефиции како 13-та плата, празнични бонуси и можности за напредување, додека замениците раководители на маркетот ќе имаат плата од 80.000 динари (670 евра).
Трговскиот синџир „Стокомак“ е основан во 1997 година и моментално работи на повеќе од 70 локации низ Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата