logo
logo
logo

Полицијата одзеде 23 возила и уапси 34 лица - НАД 1.000 КАЗНИ ЗА САМО 2 ДЕНА

Vecer | 18.05.2026

Полицијата одзеде 23 возила и уапси 34 лица - НАД 1.000 КАЗНИ ЗА САМО 2 ДЕНА

Полицијата во изминатите два дена изрекла 1.026 казни за сообраќајни прекршоци низ државата, а 34 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, дури 316 возачи биле фатени како возат побрзо од дозволеното. Во истиот период, полицијата уапсила девет возачи кои управувале под дејство на алкохол, 24 лица без возачка дозвола и едно лице кое возело и покрај претходно изречена забрана.

Во акциските контроли биле одземени и 23 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Покрај брзото возење, полицијата регистрирала и 164 прекршоци за непрописно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

Казни добиле и 107 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, додека 99 учесници во сообраќајот биле санкционирани поради некористење сигурносен појас. Полицијата казнила и пет пешаци.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила, како и четири возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и двајца возачи поради незаконско затемнување на стаклата на возилата.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат правилата за да се зголеми безбедноста на патиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk