logo
logo
logo

Од напуштен простор до центар на маалскиот живот: ПАРКОТ „РИНИЈА“ ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ ЈА ОБЕДИНИ ЗАЕДНИЦАТА

Vecer | 12.06.2026

Од напуштен простор до центар на маалскиот живот: ПАРКОТ „РИНИЈА“ ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ ЈА ОБЕДИНИ ЗАЕДНИЦАТА

Паркот „Ринија“ во Топанско Поле прераснува во успешен пример за соработка меѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор, покажувајќи дека заедничкиот ангажман може да создаде поквалитетни јавни простори за заедницата.

Создаден преку заедничка акција на Општина Чаир, ЈП „Паркови и зеленило“, студентите и младите од Универзитетот „Мајка Тереза“, паркот денес претставува жив простор каде се собираат граѓаните, децата и младите.

„Паркот ‘Ринија’ е доказ дека кога ќе се обединат граѓанската иницијатива, институционалната поддршка и енергијата на младите, се создаваат простори кои му даваат живот на маалото и го зајакнуваат чувството на припадност кон заедницата“, изјави Меџити.

За време на настанот организиран во паркот, млади музичари настапија пред жителите, додека семејствата и граѓаните уживаа во пријатна атмосфера исполнета со креативност, позитивна енергија и дух на заедништво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk