Според последната анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), 31,2% од испитаниците целосно позитивно ги оцениле 100-те дена работа на владата, а 25,2% делумно позитивно, што би дало вкупна бројка од 56,7% позитивно мислење за работата на владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Целосно негативно, работата на владата во првите 100 дена ја оцениле 19,8% од испитаните граѓани.
Резултатите на оваа анкета, која е најнова на ИПИС и е спроведена во октомври, ги сподели самиот премиер на брифинг со 30-ина новинари во Клубот на пратеници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата