logo
logo
logo

ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МС: Терапијата се децентрализира, буџетот порасна на 451 милиони денари!

Vecer | 27.05.2026

ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МС: Терапијата се децентрализира, буџетот порасна на 451 милиони денари!

Пациентите со мултипла склероза (МС) повеќе нема да мора да патуваат исклучиво во Скопје за да ја примат својата лековита терапија. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека започнува пилот-програма за децентрализација на третманот во три регионални центри. Тоа се ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје, Клиничката болница во Штип за Источна и Североисточна Македонија, како и болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за Југозападниот регион. Од националното Здружение за МС истакнуваат дека ова е нивно долгогодишно барање кое конечно се исполнува. Доколку оваа прва фаза се покаже успешна, проектот ќе се прошири и во други градови за да се елиминираат исцрпувачките патувања и трошоци за болните.

Во Македонија во моментов живеат околу 2.500 дијагностицирани пациенти со МС, а трендот на откривање нови случаи бележи нагорна линија, што се потврдува со регистрираните 115 новодијагностицирани лица во текот на изминатата година. За да се одговори на овие зголемени потреби, буџетот на Клиниката за неврологија наменет само за лекови за МС е зголемен на рекордно ниво и изнесува 451 милиони денари.

Со овие дополнителни средства, бројот на лица кои примаат терапија ќе се зголеми од 961 на над 1.020 пациенти. Од нив, речиси 600 веќе се на третман со високоефикасна модифицирачка терапија со која директно се спречува долгорочен инвалидитет. Дополнително, в.д. директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, најави дека се прават интензивни напори за набавка на нов апарат за магнетна резонанца кој драстично ќе го скрати времето за поставување дијагноза и евалуација на болеста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk