logo
logo
logo

СВЕДОК НА ПОЖАРОТ ВО РОМАНИЈА И СПОРЕДБА СО АКЦИЈАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ. Постапувањето во Македонија спаси животи

Vecer | 18.03.2025

СВЕДОК НА ПОЖАРОТ ВО РОМАНИЈА И СПОРЕДБА СО АКЦИЈАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ. Постапувањето во Македонија спаси животи

Преживеани од пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во 2015 година понудија помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија, што се случи викендов, пренесува романската редакција на Радио Слободна Европа.

Михај Греча, еден од преживеаните од пожарот во „Колектив“, објави на Фејсбук отворено писмо до повредените и нивните блиски, во кое дава совети и нагласува дека е подготвен да помогне. „Прозорецот“ за безбеден транспорт на лицата со изгореници е 48 до 72 часа. Тие мора да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи од тоа зависи нивниот живот, истакна Греча.

Во пожарот што избувна на 30 октомври 2015 година во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт загинаа 64 лица – 27 во ноќта на трагедијата, а останатите починаа во следните недели или месеци во болници во Букурешт и подоцна во странство. Околу 200 лица беа повредени.

Огнот бил предизвикан од огномет предвиден за надворешна употреба, кој го запалил ентериерот, а пламените брзо се прошириле поради леснозапаливиот звучноизолациски материјал во клубот. Во објектот тогаш се наоѓале над 400 лица, иако неговиот капацитет бил 80 посетители.

Преживеаниот од „Колектив“ Михај Греча за романската редакција на Радио Слободна Европа изјави дека засега никој од Северна Македонија не стапил во контакт со него.

– Ние сакаме да им помогнеме, бидејќи се наоѓаат во многу тешка ситуација. Ние поминавме низ драма каква што сега ја доживуваат тие. И ние добивме помош, вели Греча, кој за време на пожарот во „Колектив“ имал 41 година. Тој се наоѓал во клубот за да го снима концертот на своите пријатели од групата „Goodbye to Gravity“. По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт.

Греча истакна дека здравствениот систем во Романија тогаш не бил подготвен да се справи со ситуацијата и претпоставува дека истото важи и за Македонија.

„Можеме да им кажеме кои решенија беа ефикасни кај нас, кои се најдобрите клиники за рехабилитација во Европа и како може да се стигне до нив“, посочи Греча.

Европската комисија соопшти дека Северна Македонија го активирала Механизмот на ЕУ за цивилна заштита поради пожарот. Државата побара помош за евакуација на 15 лица со тешки изгореници. Првите понуди за помош преку механизмот пристигнаа од Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка, наведува РСЕ.

Романската редакција на Радио Слободна Европа потсетува дека по пожарот во „Колектив“ 33 повредени починале во првите денови поради сериозноста на повредите, но и поради лошите услови во болниците.

Трагедијата во „Колектив“ го откри фактот дека Романија нема капацитет за лекување на тешки изгореници. Во романските болници се појавиле болнички инфекции, кои исто така довеле до смрт на хоспитализираните пациенти.

Непосредно по пожарот, властите тврдеа дека Романија има сè што е потребно и не сакаа да ги испраќаат повредените во подобро опремени болници во странство, потсетува медиумот.

Повеќе од една недела по пожарот во „Колектив“, првите повредени беа префрлени во клиники во Холандија, Белгија, Израел, Австрија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

За настанот е снимен и доикументарен филм “Колектив“. Александру Хогеа, жртва запаметена во документарецот, имал 19 години кога починал во болница во Виена откако се заразил со инфекции во романска болница. Болницата во која се лекуваше одби да го пушти да се грижи во странство, одложувајќи го процесот и, заедно со тоа, шансите за преживување на младиот човек.

Сведочењето и фактите како постапувало општетсвото и властите во Романија тогаш, и во Македонија сега, се вредни за внимнаие затоа што ја покажуваат разликата и односот кон трагедијата, почнувајќи од итна акција за утврдување причини и одговорност и корупција за трагедијата во Кочани па се до соработката со соседните држави и нивни прием на повердени во пожарот во најдобри можни клиники за таа намена и услови за да се спасат нивните животи.

Колку е опасна корупцијата во Македонија, особено последните десетина години, гледаме на секој чекор. Но, опасност која ни е пред очи е и злоупотребата на настанот по социјалните мрежи каде познати и афирмирани активисти на “шарената револуција“ свесно и со план шират дезинформации и хаос за сопствени и партиски цели.

Сопствени за да демонстрираат приустност: тука сме и моќни сме, дајте нови пари и фондови да ви вршиме работа во иднина, а партиска за да се сопрат акциите на власта во борба против корупција на минатата власт, акции кои се е во тек за корупција во енергетиката мафија, казината, кладилниците, нарко бизнисот, нафтниот бизнис и труењето со мазут... 

Објави како оваа, на сликата подолу, се екслицитно кривично дело на свесно ширење лажна вест на Твитер (Икс) со намера да се создаде паника и недовреба во институциите во време на изразена напната состојба околу настанот во Кочани и да се создаде хаос и тешка вознемиреност и страв меѓу роднините и пријателите на повредените кои потоа би се злоупотребувале за “шарени протести“.

Има многу заинтересирани меѓу корумпираните и “шарените“ за соработка против постојната власт која е на функција само девет месеци , соработка со “шарените“ профеионални демонстранти и трујачи по социјалните мрежи. Беа заедно во “шарената револуција“, беа заедно седум години во време на власта на СДСМ и ДУИ, заедно се и сега кога ги гони новата власт за корупција.

Цената на “шарените“ активисти и професионални демонстранти и протестанти ја видовме, заработувале милони евра за перење мозоци. цената ја објавија од Вашингтон, и колку милиони евра примале и за што ги користеле. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk