logo
logo
logo

До каде еавтопатот Прилеп-Битола - НЕ ЗАПИРА ГРАДБАТА, А ЕВЕ КОГА ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО НЕГО

Vecer | 31.05.2026

До каде еавтопатот Прилеп-Битола - НЕ ЗАПИРА ГРАДБАТА, А ЕВЕ КОГА ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО НЕГО

Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Најавено е дека првите километри од автопатот ќе бидат во фукција веќе следната пролет.

Тој нагласи дека новата автопатска делница ќе придонесе за подобра сообраќајна поврзаност, побрз транспорт и нови можности за економски развој на регионот.

„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени.

Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар.

Тоа многу ќе значи за заживувањето на целиот овој регион и за поттикот на економијата, имајќи предвид дека значаен дел од економијата е токму во Пелагонискиот регион“, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk