logo
logo
logo

Промоција на две дигитални услуги

Сертификати за квалитет на земјоделски производи и извозно вино отсека преку интернет

Vecer | 30.07.2026

Сертификати за квалитет на земјоделски производи и извозно вино отсека преку интернет

Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино се двете услуги кои што можат компаниите ориентирани за извоз да ги вадат електронски преку националниот портал за услуги uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски појасни дека ова е ново придвижување за македонските Компании.

„На националниот портал од денеска се достапни овие две услуги на државниот инспекторат за земјоделство се особено значајни затоа што директно го подржуваат стопанството. за една компанија добивањето на овој документ не е само административно прашање“, додаде Андоовски.

Директорот на земјоделскиот инспекторат пак Ивица Ангеловски вели дека сертификатите во хартиена форма ќе преминат во дигитална форма со иста правна важност.

„Со оваа дигитализација се поедноставува целокупната постапка за користење на услугите, се скратува времето за добивање на сертификатите, како и намалување на финансиските трошоци, да додадам дека целосно е дигитализирана и постапката за плаќање на административните такси“ поентира Ангеловски.

Дигитализацијата на овие услуги е со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Во наредниот период, новите услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата во соработка со Стопанската комора на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk