logo
logo
logo

Генералниот секретар на НАТО Март Руте во ВТОРНИК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 26.02.2026

Генералниот секретар на НАТО Март Руте во ВТОРНИК ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторник (3 март) доаѓа во официјална посета на земјава.

Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.

Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО Јенс Столтенберг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk