logo
logo
logo

Ревизија откри финансиски неправилности во Општина Центар

Сериозни слабости во работењето и јавните набавки во Центар во 2023 година

Vecer | 24.06.2025

Ревизија откри финансиски неправилности во Општина Центар

Државниот завод за ревизија во својот извештај за 2023 година идентификува значителни недостатоци во финансиското управување на Општина Центар. Општината поседува ненаплатени побарувања во износ од над 4,4 милиони евра, без јасна евиденција за роковите или правната можност за наплата.

Ревизијата открила и низа прекршувања поврзани со јавните набавки, при што била нарушена конкуренцијата и транспарентноста согласно законската рамка. Дел од средствата предвидени за спортски активности биле доделени речиси исклучиво на еден спортски клуб, додека другите добиле минимална поддршка. Покрај тоа, констатирани се исплати за адвокатски услуги и зимско одржување без валидна потврда за извршена работа.

Дополнително, изградбата на детска градинка и реконструкцијата на улици и улично осветлување биле реализирани без соодветна проектна документација и технички прием, а биле потпишувани и анекс-договори со нецелосно образложени и непредвидени измени.

Поради овие наоди, ревизорите дале условно мислење за финансиските извештаи на Општината Центар, додека за усогласеноста со законската регулатива нивното мислење е неповолно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk