logo
logo
logo

Повеќето пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство ќе се вратат во земјава во следните две недели

Vecer | 24.03.2025

Повеќето пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство ќе се вратат во земјава во следните две недели

Повеќето пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство ќе бидат вратени на лекување во Македонија, во следните две недели. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе се обидат да направат услови поголемиот дел од нив да продолжат со лекување во кочанската болница, со оглед што пациентите се од таму.

За да се оствари ова сценарио, Таравари најавува дека следните денови ќе ја постетат болницата во Кочани, за да утврдат што е потребно за да се створат услови таму да продолжи лекувањето на пациентите со изгореници.

Таравари вели дека во штипската болница има четири пластични хирурзи, а тие треба да помогнат во долготрајното лекување. Таравари најави дека тим од лекари и од Скопје ќе одат до Кочани за да помогнат во третманот, а денеска или утре ќе одат да ги увидат условите во кочанската болница.

- Триесет пациенти ќе останат во Скопје, но истовремено се подготвуваме за прием на пациенти коишто се лекуваат надвор од државата. Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

Оваа недела се очекува осум пациенти да почнат да се примаат прво во клиниките кај нас, а потоа ќе се испртатат во клиниката каде што треба да се лекува пациентот.

Најмалку ден, два ќе останат на клиника, а потоа ќе бидат пуштени дома.

Во моментот четири пациенти се покритични од тие што се лекуваат во странство, за разлика од вчераните пет.

Постои можност од инфекции што може да се јават кај пациенти од ваков тип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk