logo
logo
logo

Битиќи СО ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ

Vecer | 29.04.2025

Битиќи СО ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ

За грабежот во домот на екс-вицепремиерот и актуелен пратеник, Фатмир Битиќи, тој синоќа информира дека остава на институциите да го решат случајот. Според она што го видел на снимките од безбедносните камери, пратеникот рече дека не сака да прави конспирации. Снимките се предадени во полицијата и надлежните органи.

-Се гледа се. Кај мене имаше сериозна заштита од тоа, но очигледно дека тие што имале намера да го направат ова, имале одреден мотив. Се надевам дека нема да се испостави дека мотивот е мојата јавна функција или претходната функција што сум ја вршел. Ќе почекам институциите да кажат и дека ќе ги најдат разбојниците. Би сакал тие што се најповикани повеќе да се занимаваат со фактите, а мотивите ќе ги оставиме за друг момент, рече Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Пратеникот на СДСМ потенцира дека не се точни сумите на пари кои беа објавени во јавноста, а наводно биле одземени од неговиот сеф.

-Вистината е на барањето на службените лица за да се направи целокупната материјална штета (од кршење на врата, земање на сефот и тоа што имало внатре), дефиниравме некоја сума од отприлика 50 илјади евра на целата штета. Од финансиски средства, во сефот немало ниту 10% од таа сума која што се спомнува. Другото е емотивно – накит на сопругата кој што го има донесено од баба ѝ, мајка ѝ…Во моментов е непроценливо. Јас со цела одговорност тврдам што имало внатре, додаде екс-вицепремиерот.

Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април, во период додека функционерот и семејството не биле дома за празниците. Непознати сторители насилно влегле во објектот, со употреба на алат и сила ја скршиле вратата. Биле украдени сеф и други вредни предмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk