logo
logo
logo

ФАШИЗМОТ И ОМРАЗАТА НА СДСМ КОН СРБИТЕ и денес проговорија во Собранието!

Vecer | 13.07.2026

ФАШИЗМОТ И ОМРАЗАТА НА СДСМ КОН СРБИТЕ и денес проговорија во Собранието!

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денес со сериозен говор на омрза врз основа на национална и етничка припадност.  

Имено, тој пратеник го оспори кандидирањето на Иван Стоиљковиќ за миниситер за локална самоуправа затоа - што е Србин! Потоа, настана кавга за која СДСМ бараше извинување од Стоиљковиќ и од премиерот Христијан Мицкиски!

Повод за кавгата беше оценката на пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, дека реконструкцијата на Владата отвора сериозни дилеми за стратешката определба на државата и за кадрите што ВМРО ги предлага на највисоки државни функции.

„Очекувано е назначувањето на Стоилковиќ за министер за локална самоуправа, со што „српскиот“ свет во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини”, рече Трајчулески.

СДСМ ја напушти салата на Собранието наводно затоа што, по оваа провокација и говор на омраза, Стоиљковиќ го опцул Трајчулески. Но, планот за напуштање на Собранието од страна на СДСМ не е од тој настан, ниту од вчера.

Пратеник Митко Трајчулески уште на 24. април за 24 анализа најави дека во игра на Бихаќка и напуштање на Собранието, откако власта во Собранието и покрај заканата дека СДСМ нема да учествува во работната група за изборниот законик не се откажа од укинување на пржинската Влада, по следните парламентарни избори.

Како што ни омразата кон Србите во СДСМ не е од вчера.

На истиот Иван Стоиљковиќ, тогаш како пратеник на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), од страна на тогаш пратеничката Радмила Шеќеринска во Собранието му беше упатено “да си оди од каде што дошол, од Србија...“ по што исто така, како и сега, се случија вербални расправии.

Се очекува одговор и од властите во Србија бидејќи е ова тежок инцидент и експлицитен говор на омраза врз основа на етничка и национална припадност, што е кривично дело, и насочено кон народ кој во Македонија меѓу Македонците ужива највисока доверба во однос на сите соседни народи.

Во македонскиот Кривичен законик (КЗ), говорот на омраза е директно санкциониран. Главни законски одредби се:

Член 319 (Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост):

Санкционира лица кои преку присилба, малтретирање, дискриминација или поттикнување предизвикуваат или разгоруваат омраза врз основа на род, раса, верска, етничка или друга дискриминаторска основа. За ова дело е предвидена казна затвор од една до пет години (а доколку дојде до насилство или безредие, казната е од четири до десет години).

Законот можеби ги штити пратениците за одговорноста по искажан збор во Собранието, па дури и кога е тоа експлицитно говор на етничка омраза но, последиците во јавноста остануваат а и историјата ги бележи. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk