Денес го чествуваме свети Климент Охридски, големиот просветител чија мисија за образование, писменост и човечко достоинство остави траен белег во нашата историја. Неговото дело нѐ потсетува дека силата на едно општество лежи во знаењето, почитта и единството, истакна во својата честитка потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.
- Во духот на неговата визија да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија наша заедничка обврска и најголема вредност.
Нека ни е честит празникот, нека е вечен споменот за свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон заедништво и напредок, и нека неговата мисија и дело и понатаму останат наш заеднички аманет - да бидеме обединети како држава и да продолжиме да твориме иднина во која традицијата и современоста живеат во склад, порача Стоилковиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата