Екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш вчера гаснеше пожар на планината Плачковица, кој се закануваше сериозно да се прошири откако зафати викенд куќа и шумски појас.
На местото на настанот, полицијата го затекнала и лишила од слобода З.К. (64), за кого постои сомнение дека е сторител на делото. Осомничениот е задржан во станица, а во пожарот е причинета само материјална штета без последици по човечки животи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата