logo
logo
logo

„ИВА МИХАИЛОВА“ оди пред НАТО, Мицкоски најави презентирање докази од истрагата

Vecer | 16.10.2026

„ИВА МИХАИЛОВА“ оди пред НАТО, Мицкоски најави презентирање докази од истрагата

Случајот со Ива Михаилова и нејзиното заминување во Бугарија ќе биде отворен пред партнерите на Македонија во НАТО, каде што ќе бидат презентирани дел од доказите од истрагата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека државата нема да се откаже од барањето Михаилова и нејзиниот татко, кој е првостепено осуден, да бидат изведени пред македонските судови.

– Со одговорот на бугарските власти, најпрвин паднаa во вода координираните напади коишто доаѓаат oд таму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имавме ние барање за потерница и очекувам едниот којшто е првостепено осуден, тоа е родителот на Ива, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува својата невиност пред судовите во Македонија. И ние имаме свои алатки, свои механизми како да се бориме на меѓународна сцена. И повторно ќе го кажам она што го кажав вчера, дека овој неуспешен обид нанесе голема штета, дипломатска штета на владата во официјална Софија, тоа е нивен проблем, а наш проблем е бегалецот од правдата и бегалката да ги изведеме пред лицето на правдата. Јас вчера кажав, еве и повторно дека кога тогаш тоа ќе се случи – рече Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk