logo
logo
logo

Родителите бараат да не се менува обвинителката Трајчева, СО НОВА СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС ЌЕ ОДИ ВО НЕДОГЛЕД

Vecer | 28.03.2026

Родителите бараат да не се менува обвинителката Трајчева, СО НОВА СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС ЌЕ ОДИ ВО НЕДОГЛЕД

Одлуката на Советот на јавни обвинители да не го продолжи мандатот на обвинителката која повеќе од половина година работеше на предметот „Пулс“ предизвика сериозна загриженост кај семејствата на жртвите, кои бараат континуитет и ефикасност во постапката за еден од најтешките случаи во државата.

Родителите посочуваат дека станува збор за обвинителка која гонела функционери, застапувала високо-профилни случаи и покренала обвинителни предлози и обвинителен акт против полицајци и началници од МВР кои ги смета за одговорни.

Нејзиниот неизбор доаѓа токму по завршување на истрагата и покренување на постапките за еден од најтешките и најчувствителни случаи во јавноста“, наведуваат тие.

Според нив, континуитетот во ваков случај не е формалност, туку клучен предуслов за ефикасна постапка.

Со промената на обвинителот, предметот преминува кај нов обвинител кој ќе треба од почеток да се запознае со теоријата на случајот, доказите и целокупната постапка. Ова носи реален ризик од дополнителни одложувања, пролонгирање на судските процеси и нарушување на континуитетот“, посочуваат родителите.

Тие додаваат дека дел од рочиштата веќе се одложени, а најголем дел од предметите сè уште се во фаза на чекање.

Случајот „Пулс“, поврзан со пожарот во кој загинаа 63 лица, според нив, бара максимална сериозност и одговорност од институциите.

Токму затоа, секоја промена што може да влијае врз текот и динамиката на постапката отвора сериозна загриженост“, наведуваат тие. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk