logo
logo
logo

Интересот на Венко Филипче е ограничен САМО НА НЕГОВАТА ПАРТИСКА ФОТЕЉА

Vecer | 13.03.2026

Интересот на Венко Филипче е ограничен САМО НА НЕГОВАТА ПАРТИСКА ФОТЕЉА

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата.

Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ.

Според него, актуелното раководство на СДСМ не нуди нова политичка визија, а партијата се соочува со внатрешни поделби и незадоволство кај дел од членството.

-Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни пресметки и лични интереси, поради што голем број чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата“, изјави Димитриевски.

Тој посочи дека дел од разочараните членови на СДСМ веќе се приклучуваат кон ЗНАМ, но дека движењето внимателно пристапува кон приемот на нови членови со цел, како што рече, да се изгради стабилен и принципиелен политички субјект.

Димитриевски се осврна и на случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека одлуката за домашен притвор претставува сериозен преседан кој дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем.

-Ова е невиден преседан. Лице кое било во бегство и за кое постоела меѓународна потерница не смее да заврши во домашен притвор. На господинот Груби местото му е во истражен затвор, согласно принципите на владеење на правото и законските процедури, истакна тој.

Според Димитриевски, ваквите одлуки ја нагласуваат потребата од сериозни реформи во судско-обвинителскиот систем и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Во интервјуто тој се осврна и на можната реконструкција на Владата, посочувајќи дека засега не се разговарало за конкретни кадровски решенија, но дека Движењето ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри, кои, како што нагласи, реализираат значајни реформи и системски закони.

Димитриевски порача дека ЗНАМ останува стабилен партнер во рамките на владејачкото мнозинство, со јасна политичка ориентација кон реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk