logo
logo
logo

500.000 евра ќе добие Арачиново за патишта, ИАКО ТАМУ НЕ СЕ ПЛАЌА ДАНОК

Vecer | 16.03.2021

500.000 евра ќе добие Арачиново за патишта, ИАКО ТАМУ НЕ СЕ ПЛАЌА ДАНОК

Арачиново ќе добие 500.000 евра од владата за патна инфраструктура. Владата го спреми пакетот од 70 милиони евра за македонските општини, а се што треба да направат општините за да ги добијат парите е  да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите.

Парите не можат да се вратат бидејќи се заем од Светска банка за развој на локалната самоуправа.

80 општини имаат право да аплицираат, додека сумата што ќе ја добие секоја општина е заснована на бројот на население во таа земја. Поточно, за Арачиново, позната како општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата.

Арачиново може да ги добие парите иако не плаќа данок на имот.

Истражување на Центарот за граѓански комуникации за наплата на данок за имот за 2017, 2018 и 2019 година покажа дека Општина Арачиново е единствената општина која воопшто не наплаќа данок за имот. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, особено заради одлуката на Владата на 11 декември 2020 година да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk