logo
logo
logo

Што правите од сопствените деца?

Адвокатката Маја Ристова објави видео: ДЕВОЈЧИЊА ПРЕТЕПУВААТ ДРУГО ДЕВОЈЧЕ ВО ШТИП

Vecer | 07.05.2026

Адвокатката Маја Ристова објави видео: ДЕВОЈЧИЊА ПРЕТЕПУВААТ ДРУГО ДЕВОЈЧЕ ВО ШТИП

Врсничко насилство имало и во Штип, каде девојче јадело ќотек од другарките.

Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави видео снимка на која се гледа насилство врз дете. Таа посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип.

„Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен надзор од страна на ЦСР’, судот процени дека мерката е строга, па изрече ‘Засилен надзор од страна на родител’ (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка. За кривично дело ‘Запуштање и малтретирање на дете’ беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување. Поентата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи ‘Рибникар’, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот ‘Ивана и Катја’“, вели адвокатката Маја Ристова.

Според наводите, насилството се случувало на повеќе локации во градот.

МВР по службена должност поднело кривична пријава до Обвинителството против малолетниците, кое води постапка пред суд за кривичните дела „насилство врз дете“ и „неовластено снимање“ против децата кои учествувале во нападите и ги снимале насилничките сцени.

Видеото е на следниов ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk