logo
logo
logo

Претседателката Сиљановска-Давкова е во Франција, учествува на Парискиот мировен форум

Vecer | 28.10.2025

Претседателката Сиљановска-Давкова е во Франција, учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на осмото издание на Парискиот мировен форум.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“.

Таа ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за младите преку заеднички инвестиции во образованието, мобилноста, иновациите и социјалната инклузија.

На сесијата ќе се разгледа и како ангажманот на младите може да стане столб на демократската обнова и интеграцијата во Европската Унија.

Претседателката ќе присуствува на вечерата, којашто во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk