logo
logo
logo

ДА СЕ ИЗБЕГНУВА НЕПОТРЕБНО ТРОШЕЊЕ НА ВОДАТА – апел од Водовод

Vecer | 19.06.2025

ДА СЕ ИЗБЕГНУВА НЕПОТРЕБНО ТРОШЕЊЕ НА ВОДАТА – апел од Водовод

Од Водовод укажуваат дека ваквите појави не само што го оптоваруваат системот, туку и негативно влијаат на квалитетот на водоснабдувањето за сите граѓани во Скопје.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните за внимателно и рационално користење на водата, поради зголемена потрошувачка што е регистрирана во текот на летниот период.

– Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење на автомобили, за полнење на базени, како и да се спречи злоупотребата преку диви приклучоци – велат од претпријатието.

Од Водовод укажуваат дека ваквите појави не само што го оптоваруваат системот, туку и негативно влијаат на квалитетот на водоснабдувањето за сите граѓани во Скопје.

Граѓаните кои ќе забележат нерегуларности, како што се диви приклучоци, може да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на: [email protected] или преку веб-страницата: www.vodovod-skopje.com.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk