logo
logo
logo

Управниот суд ја прифати жалбата на пратеникот Здравковски за измислен предмет од МВР од 2022 година

Vecer | 16.04.2026

Управниот суд ја прифати жалбата на пратеникот Здравковски за измислен предмет од МВР од 2022 година

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски објави дека денеска бил информиран дека Управниот суд ја прифатил неговата жалба поднесена по, како што вели тој, една бесмислена одлука и измислен предмет од МВР од 08.07.2022.

-Предметот беше толку мизерен, со обвинение за поставување на “објекти” на блокада кај Сарамзалино на која “организатори” бевме ние двајца како пратеници од опозицијата, иако сѐ беше навремено најавено, ама ете, тие решија дека не било. Поради овој предмет за прв пат влегов во суд, не затоа што беше нешто којзнае колку висока казната, туку од инает за да докажам дека сум во право. Денес кога ќе направам есап повеќе пари сум дал по жалби и поплаки отколку висината на казната, ама чувството на победа над неправдата е непроценливо, објави Здравковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk