Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текстот се додава:
„Филипче не гледа проблем во тоа да сме држава од 1945 година па наваму, затоа и ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот со Зоран Заев.
Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче.
Пиунот на Румен Радев, Венко Филипче е спремен утре да ги продаде историјата, јазикот, културата и идентитетот за да и се додвори на Бугарија и да дојде на власт.
Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, односно помал за 1% од оној на партијата СДС.
Филипче ја зацементира СДС да биде четврта партија во Македонија, а на следните избори може да бидат и со едноцифрен број на пратеници во Собранието“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата