logo
logo
logo

Финансиска отворила ПРЕДМЕТ ЗА УКРАСУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ БЕЗ ТЕНДЕР

Vecer | 02.10.2024

Финансиска отворила ПРЕДМЕТ ЗА УКРАСУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ БЕЗ ТЕНДЕР

Финансиската полиција оформила предмет за ланското новогодишното украсување на Скопје за што немаше тендер. Како што велат од Финансиската полиција, во моментов се вршат проверки.

„Во тек се проверки за утврдување на фактичката состојба, како и прибирање на потребниот доказен материјал, но поради тајност на предистражната постапка согласно Законот за финансиска полиција и Законот за кривична постапка, не сме во можност за истите подетално да ве информираме“, изјавиле од Финансиската полиција за СДК.

На крајот на минатата година, финансиската полиција влезе во Град Скопје и одзеде документација со цел да истражат како се потрошени 30.000 евра. Градоначалничката Арсовска никогаш јавно не го објави договорот за украсување, ако воопшто постои, по што следуваше реакција од Управата.

Арсовска, тогаш во објава на Фејсбук рече дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици. Но, на ваквата нејзина објава не приложи документ или линк до јавниот повик што го споменува.

Единствено што прикачи е илустрација со јавните повици, фирмата што ги добивала и парите кои биле потрошени за новогодишно украсување на градот во времето на нејзините претходници.

„Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении – разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави“ напиша Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk