Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски преку собраниската говорница го соочи во вистината екс министерот за внатрешни работи, сега пратеник од СДСМ, Оливер Спасовски.
Стојаноски му порача на Спасовски дека никој нема да биде избркан од работа и да не манипулира.
- Срамота е ти да зборуваш од тука дека некој ќе биде избркан од работа, кога дојдовме на власт, човекот кој чека сега онаму да почне Комисијата за одбрана, 20 милиони евра исплати на луѓе кои ти си ги преместувал, професионалци, специјалци, бранители кои ја бранеле оваа држава.
30 луѓе од „Тигар“ веднаш ги избрка ти, сега тука нам ќе ни објаснуваш дека некој ќе бил избркан од работа?, истакна Стојаноски.
Стојаноски го праша Спасовски до кога ќе го потценуваат народот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата