logo
logo
logo

ДАНЦИТЕ ГОРАТ КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАЌААТ ЗА ДА УЖИВААТ, а се е исто само што исто не е

Vecer | 27.06.2026

ДАНЦИТЕ ГОРАТ КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАЌААТ ЗА ДА УЖИВААТ, а се е исто само што исто не е

Скандинавија “гори“ на над 36 степени и луѓето се во хаос трпејќи за нив неверојатна жештина додека болниците им се полнат со луѓе кои бараат помош од вртоглавици, аритмии и висок притисок. За тоа време, на истата температура, Македонците сеират и уживаат на грчките плажи и, патем, плаќаат за тоа.

Навидум, што се однесува до горештината, и за едните и за другите би требало да е исто, но исто не е.

Што се однесува до нас идната недела не очекуваат “дански горештини“ со температури до 36 степени.

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година.

„Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс.

Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен од топлотен бран, со температури што надминуваат 35 степени качувајќи се и до 40 и ги оптоваруваат здравствените системи.

Додека топлотниот бран се движи кон североистокот на континентот, максимално црвено предупредување за опасно топло време е издадено и во Швајцарија, Германија, Австрија и Унгарија.

Според светските агенции, се очекува најмалку 193 милиони Европејци, вклучувајќи 75 милиони во Германија, да се изложени на температури од над 35 степени Целзиусови во одреден момент денеска, што е зголемување споредено со вчера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk